Новак Ѓоковиќ вчера играше четири сета за влез во полуфиналето на Вимблдон, со што ја продолжи импресивната грен-слем серија.
Српскиот тенисер сега ќе го очекува дуелот со Јаник Синер, во кој повторно ќе биде голем фаворит, а во полуфиналето влегува со израмнување на еден рекорд.
Се работи за рекорд кој досега беше сопственост на Рожер Федерер и рекорд кој Ѓоковиќ веројатно ќе има можност да го подобри на некој од следните грен-слем турнири.
Полуфиналето на годинешниот Вимблдон е вкупно 46. грен-слем полуфинале во кариерата на Ѓоковиќ и израмнување на постигнувањето на Федерер, кој сигурно нема да биде среќен што српскиот тенисер се заканува да го остави зад себе во уште една важна категорија.
Зад Ѓоковиќ и Федерер е Надал со 38 полуфиналиња, а потоа следуваат некогашните ѕвезди Џими Конорс (31) и Иван Лендл (28).
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]