Ако воопшто се одигра, финалето во АБА лигата и оваа сезона ќе биде полно со контроверзи, како на теренот, така и надвор од него.
Минатиот викенд Црвена Звезда објави дека не сака да го игра финалето против Партизан затоа што термините за натпреварите се поклопуваат со дуелите од финалната серија во српското првенство, а сега во главна улога се судии. Не сите, туку Србите, Илија Белошевиќ, Миливоје Јовчиќ и Урош Николиќ. Тројцата одбиле да бидат ангажирани за финалето од АБА лигата, па на дуелите меѓу Партизан и Звезда, ако воопшто играат, ќе судат арбитри од Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија. Причина за одбивањето е притисокот кој го носи финалето од АБА лигата како и можните нереди за време на натпреварите, а кои станаа редовна пракса последните години.
Ако раководството на АБА некако успее да ја убеди Звезда да игра, првиот натпревар од финалната серија е планиран за 12 јуни.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]