Нов скандал на Канје Вест: Раперот се обидел да ја изневери сопругата, ѝ пишувал на друга девојка

Date:

Постојат сѐ повеќе гласини дека Канје Вест се обидел да ја изневери сопругата, но контроверзниот рапер сѐ уште не се огласил за овие наводи.

Како што пренесува „Мирор“, Вест ѝ испраќал пораки на девојката на инфлуенсерот Брајс ХолМикаела Лафуенте, во период кога тој веќе бил во брак со Бјанка Ценсори.

Хол сподели некои од пораките што Вест ѝ ги испратил на Лафуенте, во кои ја прашувал дали сака да се дружи со него. Канје Вест не го искоментира ова на социјалните мрежи, туку се осврна на проблемот со музичките платформи, како што е Спотифај, и социјалните мрежи, како што е ТикТок, кои не им плаќаат доволно пари на уметниците за нивните дела.

„Ако сакаме квалитетна музика, некој ќе мора да плати за тоа. Услугите за стриминг не се плаќаат правилно, издавачките куќи сакаат поголем удел повеќе од кога било, а тие само седат таму и чекаат да станете вирални. ТикТок не плаќа како што треба, а турнеите станаа прескапи за голем број од музичарите“, искоментира раперот.

Патем, кога Вест ја прашал Лафуенте дали ќе се дружи со него, таа го прашала зошто ја исконтактирал.

„Сакав да видам дали сакаш да се дружиш и да го слушнеш новиот албум“, ѝ напишал Вест, кој во тоа време веќе беше во брак со својата сегашна сопруга.

Да потсетиме, Канје Вест и Бјанка Ценсори се венчаа во декември 2022 година, еден месец откако раперот се разведе од ѕвездата на реалните шоуа Ким Кардашијан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...