Уште на самиот почетокот на годината, нов скандал го тресе македонското здравство. Вистинска драма се одвивала изминативе три дена на “Клиниката за Гинекологија и акушерство“. Новороденче со скршеница на раката од неразјаснети околности било криено од родилката и семејството, пренсува порталот “Скопје1“.
Родилката која била породена на 31 декември, не можела да си го види бебето се до вечерта на 1 јануари оти докторите не и дозволувале. Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг.
„Бебето го немаше видено, само на кратко на пет минути. Сопругата го има фотографирано со скршена рака. Дојдовме да прашаме зошто не даваат да го видиме бебето и дури сега, после 24 часа ни даваат информација дека бебето е со скршена рака“, вели сопругот.
Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе.
Директорката на клиниката за Гинекологија и акушерство, Викторија Јованоска во изјава вели дека неоткривањето на таков вид на информации е стандардна процедура и од тие причини на мајката не и било дозволено да си го види бебето.
„Детето првично немало оток. Мислеле дека е мускулна пареза, а кога се појавил оток веднаш била направена рендгенска снимка“, изјави директорката Јовановска.
Таа најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.