Иако веќе стигнавме до половината од годината, кога се очекуваше намалување на инфлацијата, фактите покажуваат дека опасноста не е помината и дека некои земји се уште се во голем ризик од рецесија.

Според овие предвидувања, најголеми процентуални шанси имаат Велика Британија, Нов Зеланд и САД, но по нив следат Германија, Италија, Канада… Станува збор за земји со висок ризик да западнат во рецесија во текот на оваа година Табелата со прогнозите за рецесија по земји на својот профил на Линкедин ја сподели Владимир Ѓукановиќ, „српскиот волк од Волстрит“ кој со години работеше во ЏП Морган.

Според таа табела и предвидувањата за рецесија за 2023 година, Велика Британија има најголема веројатност од 75 отсто, додека Нов Зеланд следи со само 5 отсто помалку.

САД се рангирани со веројатност за рецесија од 65 отсто, додека Германија, Италија и Канада се рангирани со 60 отсто. Според овие податоци, Франција оваа година има 50 отсто шанси да влезе во рецесија, додека Јужна Африка има 45 отсто, а Австралија има 40 отсто шанси. Земјите Јапонија, Русија, Мексико, Шпанија… се во опсегот на веројатност под 30 отсто, додека Швајцарија е на 20 отсто.

Како што изјави претходно Ѓукановиќ, единствено решение за инфлацијата е зголемувањето на каматните стапки, што се прави бавно, прнесува Каматица.