Нов Зеланд им забрани на младите генерации да купуваат цигари – сега ја повлекува одлуката

Date:

Нов Зеланд го укинува новиот закон кој требаше да ги спречи сите родени по 2008 година да купуваат цигари или тутунски производи. Законот беше усвоен од парламентот на крајот на минатата година, а требаше да стапи на сила во јули, пишува Sky News.

Но, дојде до промена на политиката – новата коалициска влада потврди дека овој закон се укинува. На изборите одржани на 14 октомври минатата година победи Конзервативната национална партија со што заврши шестгодишниот период на владеење на лабуристите и формираше коалиција.

Помошникот министер за здравство Кејси Костело рече дека коалицијата останува посветена на намалувањето на пушењето, но има поинаков регулаторен пристап.

„Наскоро ќе презентирам пакет мерки до Кабинетот за зголемување на достапните алатки за да им се помогне на луѓето да се откажат од пушењето“, рече таа.

Стапката на пушење во Нов Зеланд е на најниско ниво на сите времиња. Владините статистики објавени во ноември покажуваат дека само 8% од возрасните пушат дневно, што е помалку од 9,4% минатата година. Новиот закон требаше да ја намали разликата во животниот век меѓу Маори и другите жители. Имено, статистиката покажува дека дури 19,9% од населението Маори консумира тутунски производи на дневна основа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Канје Вест и Бјанка, фотографирани во ресторан во Токио, биле расположени

Парот го привлече вниманието на фотографите кога пристигнаа во...

Бен Афлек забележан со поранешната сопруга: „Во последно време често се заедно“

Бен Афлек и Џенифер Гарнер и по разводот останаа...

Легендарниот тапанар на Iron Maiden најави дека се повлекува од турнеите со бендот

72-годишниот музичар  објави дека се повлекува од турнејата и...

Новиот филм на Силвестер Сталоне доби негативни критики: Има најниска оцена на Rotten Tomatoes

Новиот филм „Armor“ во кој главната улога ја игра...