Нов гаф на Бајден, и тоа на неговиот роденден: Тејлор Свифт ја помеша со Бритни Спирс

Date:

Американскиот претседател Џо Бајден вчера зборуваше на годишната церемонија за помилување на мисирки во Белата куќа, а неговиот последен гаф стана вирален.

Бајден по грешка зборуваше за Бритни Спирс, кога, всушност, мислеше на Тејлор Свифт.

Церемонијата на помилување на мисирките случајно „падна“ токму на 81-от роденден на Бајден. Американскиот претседател помилувал две мисирки по име Либерти и Бел и по грешка се зборувал за пејачката Бритни Спирс, кога, всушност, сакал да ја спомне пејачката Тејлор Свифт, која во моментот е во Бразил, во рамките на својата меѓународна турнеја „Ерас“.

– За да стигнат тука, Либерти и Бел мораа да ја победат острата конкуренција. Тие мораа напорно да работат, да бидат трпеливи и да патуваат повеќе од 1.000 милји. Може да се каже дека тоа беше уште потешко од добивање билет за турнејата на Бритни Спирс. Таа е долу, сега е жешко во Бразил… – рекол Бајден.

Тејлор Свифт настапи во Бразил во неделата навечер, откако го одложи саботното шоу поради екстремните горештини во земјата. Додека, пак, Бритни Спирс во моментот не е на турнеја.

Белата куќа допрва треба да одговори на прашањата на новинарите за последниот гаф на претседателот Бајден.

Интересно е што овој лапсус се случил токму на 81-от роденден на Бајден, а во текот на истиот говор тој се пошегувал на сметка на своите години, велејќи дека „не е лесно да наполниш 60 години“.

Кога станува збор за церемонијата на помилување на мисирки, секоја година во пресрет на „Денот на благодарноста“, претседателот на САД „помилува“ мисирка и на тој начин ја спасува птицата да стане нечија вечера и остатокот од денот да го помине талкајќи низ фармата правејќи сè што вообичаено прават мисирките.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...