Д-р Џенел Хауел, физиотерапевт и доктор за вагинална рехабилитација, објаснува зошто предиграта секогаш треба да игра главна улога. Иако луѓето можеби немаат секогаш време да се препуштат на тоа, таа тврди дека има бројни причини зошто вреди да се вложи труд.
– Знам дека понекогаш едноставно нема да имате време за тоа, но кога ќе имате, испробајте ја мојата стратегија која ќе ви помогне навистина да почувствувате сексуална возбуда, сексуално исчекување и зголемена возбуда во текот на следната предигра. Моето правило 10-5-10 за предиграта е стратегија која стимулира различни ерогени зони низ телото, што може толку многу да ги „запали“ вашиот мозок и тело што ќе молите за повеќе, вели Хауел.
Првите 10 минути
– Првите 10 минути поминете ги само на вратот и над него. Тоа вклучува бакнеж во вратот, увото, усните и така натаму. Бакнувајте се колку сакате“, рече д-р Хауел.
Таа рече дека можете да почнете на каучот или да станете пред да одите во спалната соба. Можете да правите што сакате на вратот и лицето пред да се преселите на друго место. Направете го ова добри 10 минути.
Следните пет минути
Потоа треба да одите под вратот, но не подалеку од папокот. Од галење до стимулација на брадавиците до бакнување, има многу работи што можете да ги испробате.
– Посебно уживајте во овој дел, бидејќи се покажа дека стимулирањето на брадавиците пред секс ја зголемува вашата возбуда – додал докторот.
Постојат дури и научни студии кои докажаа дека стимулацијата на брадавиците и градите може да ја зголеми сексуалната возбуда и кај жените и кај мажите.
– Кога вашите брадавици се стимулираат, се зголемува окситоцинот кој испраќа крв во матката, вагината и клиторисот. Ако ви се зацврстат брадавиците, тоа може да ви помогне да го зацврстите и клиторисот, продолжи таа.
Последните 10 минути
Конечно, треба да поминете добри 10 минути таму долу – со други зборови, каде било под папокот. Можете да се забавувате како сакате: со раце, уста или дури и со додавање на секси играчка.
– Доколку имате намера да се занимавате со пенетративен секс, почекајте прво 10 минути за навистина да се загреете и да го разбудите клиторисот, да го стимулирате телото и да бидете во исчекување на она што следува. Ако нема да се занимавате со пенетративен секс, поминете онолку време колку што сакате во текот на овој последен дел од правилото „10-5-10“ – објаснил докторот.
Иако помислата на апстиненција уште 10 минути звучи како тортура, на крајот ќе доведе до поголема кулминација, пишува Дејли Стар.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]