НОВО ОБВИНЕНИЕ ЗА СИНОТ НА БАЈДЕН Нелегално чувал оружје додека се дрогирал

Date:

Американските федерални обвинители планираат да побараат ново обвинение против синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден до крајот на месецов, јавија американски медиуми повикувајќи се на судски документи.

Документите беа поднесени за нелегално поседување на огнено оружје, при што Хантер Бајден е обвинет дека имал пиштол додека се дрогирал, иако обвинителите се уште не прецизираа какви обвиненија ќе бараат.

Тој беше под истрага и за неговите деловни зделки. Според државниот обвинител на Делавер, Дејвид Вајс, новоименуван за специјален обвинител во истрагата, обвиненијата во случајот за даночно затајување и случајот за нелегално поседување огнено оружје против Хантер Бајден ќе бидат поднесени пред 29 септември.

Неговите адвокати соопштија дека тој ги почитувал условите од првичниот договор со обвинителите за обвинението за нелегалното оружје, што би го чувало синот на претседателот Бајден од гонење доколку нема нови прекршувања или проблеми две години. Според неговиот адвокат, договорот останува во сила. Сепак, обвинителите не се согласуваат со него.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...

Кети Пери конечно се огласи по вселенското патување

Поп ѕвездата Кети Пери (40) се соочи со жестоки...