Нови тетоважи на Џоли на двата средни прста

Date:

Анџелина Џоли имаше мистериозни тетоважи на двата средни прста, што ги натера фановите да шпекулираат дека тоа е пцост f*** you и дека е наменето за нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Актерката (48) била кај Мистер Кеј, кој работи во популарниот селебрити-центар за тетоважи „Бенг Бенг“ во Њујорк. На својот „Инстаграм“ тој сподели фотографија од дизајнот на внатрешната страна на прстите, но дизајнот е замаглен.

Тајноста предизвика лавина коментари од фановите, кои шпекулираа дека таа веројатно има напишано два збора, f***“ и you, на своите прсти.

Други коментираа дека може да пишува f***“ и Brad и дека е дизајнирана така што таа сака да го навреди својот поранешен сопруг (59), со кој почна врска во 2005 година пред да се омажи во 2014 година и да се разведе две години подоцна.

Мистер Кеј ја означи Анџелина во својата објава на „Инстаграм“ и објасни дека е најнова во низата други тетоважи. „Сè уште не можам да верувам дека, всушност, ја фатив за рака и ја истетовирав. Погодете што има на дланката?“, напиша тој.

Анџелина и Бред сè уште се вплеткани во жестока расправија за старателство над децата, како и за винарницата во Франција, каде што порано беа косопственици.

Анџелина има многу други тетоважи, вклучувајќи дизајни, кои им оддаваат почит на нејзините добротворни напори и на децата. Таа исто така има повеќе дизајни посветени на поранешните љубовници, вклучително и еден познат посветен на претходниот сопруг Били (Боб) Торнтон (68).

Подоцна, Анџелина вети дека никогаш повеќе нема да испише име на друг маж на своето тело откога го отстрани неговото име од раката по нивниот развод.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...