Нови провокации: Бугаринот Стојанов од фондацијата „Македонија“ му „стави зборови во уста“ на претседателот Пендаровски

Date:

Претседателот на Фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов најави дека на 4 февруари ќе биде организиран превоз на луѓе од Бугарија кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на „бугарскиот национален револуционер Георги Делчев“ во Скопје.

Најавата на Стојанов доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека одредени „структури“ од Бугарија планирале организирана посета на гробот на Делчев на годишнината од неговото раѓање.

Повикувајќи ги сите Бугари да ја одбележат 151-та годишнина од раѓањето на Делчев, Стојанов на Фејсбук напиша дека Пендаровски рекол оти „не смее да им се дозволи“ на луѓето од Бугарија да ја преминат границата, иако претседателот тоа не го изјави.

„Претседателот на Македонија Пендаровски денеска пред Советот за национална безбедност на Република Македонија изјави дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“. Можам да ви кажам на сите – планирајте во сабота на 4 февруари да бидеме сите во Скопје и да се поклониме на гробот на бугарскиот национален револуционер Гоце Делчев!!! Оваа изјава на Пендаровски ги уништува нашите билатерални односи и е повеќе од непријателска кон Бугарија и Бугарите – ќе ни забранеше да се поклониме на гробот на Гоце на неговиот роденден!!! Имаме договорено превоз кој нема превоз и сака да дојде пиши ми или јави се на +359899384100. Во сабота на 4 февруари пред гробот на Гоце мора да бидеме илјадници Бугари!, вели Бугаринот во објавата.

Наспроти тврдењата на Стојанов, претседателот Пендаровски во ниеден дел од изјавата по седницата на Советот за безбедност, не рече дека нема да им се дозволи на Бугарите да одат на гробот на Делчев, туку само дека има информации оти „логистички и финансиски се мобилизирани структури кои на 4 февруари ќе организираат“ таква посета, за која рече дека ќе биде „настан од висок безбедносен ризик“. Пендаровски, исто така, оцени и дека актуелните бугарски притисоци се „организирана антидржавна кампања“, но и увери дека македонските власти, „како и досега, ќе одговорат со културна и дипломатска реторика“.

Претседателот Пендаровски најави и дека ќе бидат преземени сите потребни мерки за безбедност на групата од Бугарија, од границата, па сѐ до гробот на Гоце Делчев во скопската црква Свети Спас.

 

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...