Новата платформа „Threads“ добива дополнителни алатки од „Instagram“, кои ја подобруваат функционалноста на мрежата.
„Instagram“, платформата на американската компанија „Мета“, планира да ги пренесе своите алатки за брендирана содржина на новата социјална мрежа „Threads“, објави американскиот портал „Axios“, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање.
Таквите алатки ќе им помогнат на маркетерите да работат со инфлуенсери во платени партнерства на платформата додека рекламирањето е недостапно, објави Ројтерс.
„Threads“, кој доби повеќе од 100 милиони корисници за пет дена од своето постоење, се смета за ривал на „Twitter“, кој е во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск.
„Instagram“им овозможува на корисниците да ги префрлат своите сметки, ингеренциите и следбениците на новата платформа „Threads“.
Сепак, недостатокот на „Threads“ од лесно пребарување за специфични теми на содржината и функционалноста за пребарување клучни зборови може да ја ограничи привлечноста на платформата за огласувачите.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]