Новиот филм на Силвестер Сталоне доби негативни критики: Има најниска оцена на Rotten Tomatoes

Date:

Новиот филм „Armor“ во кој главната улога ја игра Силвестер Сталоне ги доби првите реакции на гледачите и критичарите.
Имено, акциониот филм во режија на Џастин Рут, чија премиера беше во ноември оваа година, доби лоши критики од гледачите и критичарите. Иако по објавувањето на трејлерот очекувањата не беа преголеми, сепак гледаноста е исклучително мала.
На платформата за рејтинг на филмови Rotten Tomatoes, гледачите му дадоа 26 отсто оценка, додека критичарите ѝ дадоа најниска оцена, односно нула. Во моментов има оцена 3,5/10 на IMDb.

Заплетот на филмот е за татко (Џејсон Патрис) и син (Џош Вигинс), кои работат за агенција за обезбедување и превезуваат пратка за која не знаат ништо. Тие се нападнати од искусен тим на разбојници, предводени од Рук (Силвестер Сталоне). Иако разбојниците се надевале на едноставна работа, ситуацијата тргнува наопаку. Затворените татко и син ја откриваат вредноста на пратката што ја превезуваат и решаваат да се здружат и да ги измамат разбојниците.

Покрај Сталоне, Патрик и Вигинс, во филмот играат и Деш Михок, Ерин Оунбеј, Лејни Стибинг и Џеф Чејс. Сценариото е на Кори Тод Хјуз и Адријан Спекерт.

Филмскиот критичар на Variety, Денис Харви напишал дека дури и актерската екипа и нивните изведби не успеале да го надминат ограниченото сценарио. Тој понатаму објаснува дека филмот всушност е „просечен материјал кој не е подобрен со посебни детали“.
Ниту другите филмски критичари не се оптимисти и многумина сметаат дека акциониот филм е целосно промашен. Фановите на социјалните мрежи генерално веруваат дека филмот нема доволно добар заплет и не разбираат како Сталоне се согласил да работи на овој филм.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија доби две места во Европската лига, но уште ќе чекаме за директно место во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите...

ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на...

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје

Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако...

Лажна кремпита

Ако ги сакате кремпита, но немате време да правите...