Оскаровката Ен Хатавеј неодамна го покажа својот нов изглед кога се појави на ревијата на Ралф Лорен, одржана во галерија во населбата Трибека во Њујорк и поттикна гласини дека направила естетска операција.
За оваа прилика Хатавеј ја ангажираше шминкерката Кристофер Бакл, која работеше и со Линдзи Лохан, која и самата минатата година беше предмет на слични шпекулации дека направила козметички зафати. Бакл на актерката и ставила вештачки трепки и целосно го контурирала лицето, додека фризерот Орландо Пита создал многу тесно високо опавче кое можеби дополнително придонесе за „ефектот на затегнување на лицето“.
Она што посебно го привлече вниманието е фактот дека кога актерката силно се смеела, на челото не и се гледало ниту една брчка или некаква нерамнина.

Откако се појавија фотографиите и видеата од Ен, корисниците на социјалните мрежи брзо реагираа на нејзиниот нов изглед. На платформата Икс, корисникот @MarkMyT коментираше: „Ако таа направила нешто, тоа е многу, многу добро. Но, да не ја игнорираме моќта на високото опавче како подигнување на лицето.“
И на Редит се појавија бројни шпекулации. Еден корисник напиша: „Ако 2025 е година кога сите мистериозно изгледаат дваесет години помлади – што ќе донесе 2035 година?“. Друг додаде: „Сите во Холивуд стануваат Бенџамин Батон. Ени ќе биде изгледа како бебе до 2045 година“.
Минатата година, пластичниот хирург Гери Мотики изјави за „Дејли мејл“ дека „нема сомнеж дека го оперирала носот“, објаснувајќи како поранешната детска ѕвезда веројатно го усовршила врвот на носот со суптилна ринопластика.
„Можете да видите како врвот на носот се променил од малку поопуштен и појасен со широк мост до многу подефиниран облик со потенок мост и потенок врв. Тоа е главниот знак на ринопластика“, објаснил хирургот.
Тој додаде дека нејзиното лице покажува и природна загуба на маснотии, но дека изгледа „подобро одржувано“, што укажува на можна употреба на филери, ботокс, микронидлинг и третмани за затегнување на кожата.
И покрај сите шпекулации, многу обожаватели веруваат дека само добрата шминка и косата создаваат илузија на затегнатост, а не вистинските хируршки процедури.