„Google“ отсега им овозможува на корисниците на стрим-услугата „ YouTube Music “ да креираат свои радиостаници врз основа на алгоритам кој „ќе одлучува“ кои песни и изведувачи ќе ги пушта.
Новата функција се вика „Radio Builder“, а корисниците имаат пристап до неа од вчера. Кога корисникот ја креира својата станица може да избере до 30 изведувачи, но и дали сака да ја слуша само нивната музика или да додава песни од слични музичари. Исто така, можно е да се намести да се пуштаат само песни кои му се познати на корисникот или комбинација, како и прилагодување за миксот.
„YouTube“ почна со тестирање на оваа функција лани.
Иако „YouTube Music“ веќе има бројни станици и плеј листи засновани на алгоритам, можноста за создавање станици кои корисникот ќе може да ги управува е нова опција за оние кои сакаат да слушаат нешто специфично, но не сакаат „рачно“ да си создаваат плеј листа.
Новата функција е достапна за претплатниците, како и за луѓето кои ја користат платформата „YouTube Music “ бесплатно.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]