Нова книга во издание на МЛД „Григор Прличев’ од Сиднеј

Date:

Нова книга во издание на МЛД „Григор Прличев’ од Сиднеј:

ИСТОРИСКИТЕ РАЗЛИКИ МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ (The historical differences between the Macedonians and the Bulgarians)

Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип на англиски јазик е објавена книгата под наслов „Историските разлики помеѓу Македонците и Бугарите“ од историчарот Александар Донски. Книгата е објавена само во електронска форма и истата веќе е испратена на сите членови на Европскиот парламент, на сите амбасади во Македонија и на други меѓународни институции и поединци, а поставена е и за бесплатно симнување на интернет. Во книгата авторот Александар Донски, преку релеватни цитати, главно од бугарски и странски извори, на едноставен начин објаснува зошто Македонците никогаш не биле Бугари ниту во историјата, ниту денес.

Ви ја доставуваме книгата во пдф но исто така можете да ја симнете од веб страниците на Pollitecon Publications. Ве молиме проширете го овој pdf и линк до политичарите каде што живеете, до членови и институции кои соработуваат со Европската заедница со цел да се информираат за шовинистичката политика на Бугарија и нивното спречување Република Македонија да постане член во Европската заедница.

Исто така со ова издание ќе ги поттикнеме македонските институции во Република Македонија поактивно да се вклучат во заштитување на македонските национални интереси и да не им потклекнуваат на притисоците на македонските политичари кои ја продаваат македонската историја и идентитет.

Душан Ристевски

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...