Нова ескалација на војната во Персискиот Залив

Date:

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај напорите за нови преговори за ставање крај на конфликтот. Американските сили пресретнале повеќе ирански балистички ракети и беспилотни летала лансирани кон Ормутскиот теснец. Техеран истрела  балистички ракети кон Кувајт и Бахреин, додека американската армија последователно погодила крајбрежни локации во Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сè уште поседува воени капацитети, но дека претрпел значителни загуби.

Доналд Трамп – претседател на САД: „Повеќето фабрики за дронови се уништени. Имаат неколку ракети и дронови. Би рекол процентуално, можеби 22% од нивните ракети. Тоа се многу ракети, но не е она што беше кога првпат нападнавме“. 

Иранската револуционерна гарда соопшти дека како одмазда за американските напади ги нападнала американските бази во регионот со ракети, а исто така отворила оган врз четири танкери кои се обидувале да го преминат теснецот без нејзина дозвола. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги отфрли обвинувањата на либанскиот претседател Џозеф Аун дека Техеран се меша во внатрешните работи на Бејрут во време на војната меѓу Израел и Хезболах. 

Абаз Арагчи – министер за надворешни работи на Иран: „Врз основа на коментарите на Аун, некој би можел да помисли дека Иран окупирал 1/5 од Либан, раселил 1/4 од Либанците и ја бомбардира неговата земја секој ден. Доколку Либан беше адут за преговарање за Иран, одамна ќе имавме договор. Спасете го Либан од неговиот вистински непријател“. 

Висок ирански функционер изјави дека потенцијалниот мировен договор зависи од тоа дали администрацијата на Трамп ќе се согласи да ослободи 24 милијарди долари замрзнати ирански средства и предупреди на потенцијалот за поширока војна. Според светската програма за храна на Обединетите нации, конфликтот на Блискиот Исток ги изложува милиони луѓе на ризик од глад, а дури 45 милиони луѓе се соочуваат со акутна прехранбена несигурност доколку цените на нафтата останат околу 100 долари за барел.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...