Државниот испитен центар на стручен колегиум ќе одлучува како оценувачите ќе постапат при оценување на вчерашниот испит по мајчин јазик, откако матурантите масовно препишувале од Вибер група.
Директорката на центарот Билјана Михајловска објаснува дека првиот чекор ќе биде одредување на прецизни правила за оценувачите во случаите каде ќе констатираат дека ученикот препишувал, по што тие тестови ќе бидат поништени.
-Она што ние прво ќе го направиме во ДИЦ ќе одлучиме со колегите коишто се стучни за соодветните наставни предмети и коишто се координатори практично на оценувањето, да ја одредиме прецизната постапка за констатирање на преписот од страна на оценувачите, коишто ќе треба да ни предложат поништување на испитот , за ние како ДИЦ да го поништиме испитот на тој одреден ученик за кој што оценувачот ќе ни покаже дека имало препис. – Билјана Михајловска – директорка на Државен испиен центар.
Во однос на санционирање на тестаторите кои евентуално толерирале препишување, од ДИЦ велат дека доколку добијат доказ за тоа ќе ги известат надлежните институции. Михајлоска најави и состанок со МОН, каде дополнително би се договориле и други мерки насочени и кон останатите инволвирани лица во процесот на полагање државна матура.
Социологот Илија Ацески, решението го гледа во носење на поригорозни мерки за ученците кои препишуваат од надлежните.
-Многу земји препишувањето го квалификуваат како кривично дело. Министерството треба да донесе поригорозни мерки во смисла за оној којшто препишува, а тоа значи да нема право да полага една година испит – Илија Ацески- социолог.
Откако матурантите и лани препишуваа од Вибер група, покрај одлуката за полагање во холовите и спортските сали, од ДИЦ беше спомената и можноста за инсталирање на блокатори за телефонски сигнали во училиштата. Михајловска посочува дека центарот може само да предложи до некој повисок орган да донесе таква одлука, која би вклучувала и законски измени, да вложи средства за набавка и инсталација на блокаторите, а сето тоа би било подолготраен процес.