Во Македонија учениците немаат учебници, повеќе од 1 година чекаат нивната земја да направи учебници. Таму учениците учат без учебници – пишува Виктор Стојанов.



„Фондацијата Македонија е подготвена да купи учебници од Бугарија за секое дете во училиштата во Македонија, бидејќи владата на Ковачевски не обезбедува учебници за децата повеќе од една година. Го молиме секој родител кој сака да му подариме учебници од Бугарија за неговото дете – да ни пише во лична порака. Анонимноста е гарантирана“ – пишува бугарскиот активист и пропагандист на социјалните мрежи Виктор Стојанов, претседател на „Фондација Македонија“.

Тој ги повикува Бугарите да донираат учебници за „нашите браќа во Македонија“.

„Купив учебници за две бугарски деца од Скопје. Ги испративме овие денес. Во Македонија учениците немаат учебници, повеќе од 1 година чекаат нивната земја да направи учебници. Таму учениците учат без учебници. Подготвени сме да купиме и да подариме учебници на секое дете од Македонија, само контактирајте не. Сме помагале и секогаш ќе им помагаме на нашите браќа во Македонија“ – пишува бугарскиот активист.

Ова е трета година по редкако дел од учениците во основните и средните училишта ја почнуваат годината без учебници. Дел од тие што ги имаат се парталави и постари од пет години. Единствено учениците од прво и второ одделение оваа година ќе ги имаат учебниците по сите наставни предмети и на сите наставни јазици. За разлика од нив оние учениците од трето и шесто одделение немаат ниту еден. За другите години нестостигаат учебници по најмалку два предмета. Од Министерството за образование вела дека тендерските постапки се во тек.

Освен на социјалните мрежи, фондацијата на Виктор Стојанов е активна и на терен. Неодамна соопшти дека од нејзиното формирање досега нивни активисти изминале 40.000 километри низ македонските градови и села, при што делат и разнесуваат бугарски книги. Тврдат дека досега поделиле 50 тома литература, а имааТ за цел од Бугарија да донесат во Македонија дури 10.000 тома.