Се погласни се шпекулациите дека руските сили би можеле да се подготвуваат да го заземат коридорот Сувалки, тесен појас земја што ги поврзува руската енклава Калининград и Белорусија, пишува познат руски политиколог ексклузивно за Новаја Газета, независен руски опозициски весник.
Пред околу еден месец за тоа зборуваше Андреј Картаполов, руски претставник во Думата и поранешен заменик министер за одбрана, кој изјави дека трансферот на платеници од компанијата на Вагнер во Белорусија е „суптилен потег“ во режија на Владимир Путин, чија крајна целта е да се окупира коридорот Сувалки кој граничи со Полска и Литванија.
Картаполов во својата статија во Новаја Газета наведува дека не е сам во своите мисли. Наводно, во руските воени кругови веќе неколку месеци се разговара за тоа како да се брани Калининградската ексклава и дали е воопшто можна нејзина одбрана.
Date: