На APPLE TV+ пристигна новата детективска серија „Sugar“, во која Колин Фарел го игра Џон Шугар, американски приватен детектив кој го следи мистериозното исчезнување на Оливија Сигел, саканата внука на легендарниот холивудски продуцент Џонатан Сигел.

Додека Шугар се обидува да открие што се случило со Оливија, тој ќе открие и тајни за семејството Сигел кои никогаш не требало да бидат откриени.

Серијата е опишана како „модерна слика за детективска приказна сместена во Лос Анџелес“, а фановите брзо почнаа да забележуваат детали за детективот Шугар кои навестуваа чудни случувања. Сепак, никој не го очекуваше пресвртот што се случи во шестата епизода.

Заедно со Фарел, во серијата од осум епизоди играат и Кирби Хауел-Баптист, Ејми Рајан, Џејмс Кромвел, Ана Ган, Денис Буцикарис, Нејт Кордри, Сиднеј Чендлер и Алекс Хернандез.

„Sugar“ е создадена од Марк Протошевич, кој е извршен продуцент во соработка со Колин Фарел и неколку други продуценти. Го режираше Фернандо Меирелес и Адам Аркин, кој исто така е еден од продуцентите.