Новата Барби на работ на егзистенцијата: Пристигна нов трејлер за филмот

Date:

Новиот трејлер за филмот „Barbie“ за првпат прикажува како ќе изгледа авантурата на главната хероина во реалниот свет.

Во трејлерот ја гледаме Марго Роби во улога на Барби, додека безгрижно ги поминува деновите опкружена со други Барбики и Кенови. Во еден момент, таа започнува да се прашува за значењето на своето постоење и смртта. По наговор на друга Барбика, одлучува да го искуси животот во реалниот свет, а на пат кон својата дестинација открива дека во нејзиниот автомобил се сокрил Кен (Рајан Гослинг) кој е подготвен да ѝ се придружи во оваа авантура.

Филмот е во режија на Грета Гервиг која заедно со својот сопруг Ноа Баумбах го напишале сценариото. Таа на располагање имала буџет од 100 милиони долари и актерска екипа која освен гореспоменатите ѕвезди ја сочинуваат и Кејт Мекинон, Симу Лиу, Вил Ферел, Дуа Липа, Иса Рае, Скот Еванс, Џон Сина и многу други.

„Barbie“ ќе ја има својата светска премиера кон крајот на јули.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...