Ник Кирјиос со „револуционерен“ предлог за иднината на Грен-Слем турнирите

Date:

Австралискиот тенисер Ник Кирјиос даде интересно гледиште за тениските Грен-Слем турнири и изнесе една идеја која предизвика внимание меѓу навивачите на „белиот спорт“. 

Кирјиос смета дека најпрестижните турнири од АТП календарот треба сериозно да размислат за воведување на нов систем, односно Грен-Слем турнирите да се играат во два добиени сета, а не во три како што беше досега. 

„Мислам дека со воведувањето на овој систем од два добиени сета значително ќе се зголеми интересот за сите мечеви, особено за оние кои не се толку популарни. Тука мислам на дуелите од првото и второто коло. 

Во два добиени сета интензитетот ќе биде сосема поинаков и ќе има повеќе простор за изненадувања. Најдобрите ќе мораат постојано да бидат на висина на задачата и нема да имаат простор за калкулации. Идејата е одлична“, вели Кирјиос. 

Дел од тениските навивачи на социјалните мрежи пишуваат дека оваа идеја не е воопшто лоша, па останува да видиме дали Светската тениска асоцијација сериозно ќе го разгледа овој предлог на Кирјиос.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...