Ник Кејв и Ворен Елис одговорни за музиката за филмот „Back To Black“ за Ејми Вајнхаус

Date:

Режисерот на „Back To Black“ (Враќање кон црнината), Сем Тејлор-Смит ги покани музичарите Ник Кејв и Ворен Елис да ја искомпонираат музиката за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус.

– Ник и Ворен беа единствените вистински музичари, според мене, кои може да работат на филмов. Низ годините слушав се што тие составуваа и копнеев за остварување на сонот за заедничка работа. Нивниот сензибилитет и разбирање на оваа приказна доведоа до длабока и трогателна саундтрак, изјави Тејлор-Смит.

Прикажувањата на филмот засега се најавени за април и мај оваа година.

Остварувањето ќе содржи бројни хитови на починатата пејачка, отпеани од глумицата Мариса Абела, а Кејв и Елис ја снимија остатокот од филмската музиката проткаена во приказната. Како што пишува „Варајети“ (Variety), тие досега имаат снимено околу 30 минути музика. Тие двајца работеа на филмската музика за „Атентатот на Џеси Џејмс од страна на кукавицата Роберт Форд“, „Патот“, како и за биографскиот филм за Мерлин Монро „Блонди“ и бројни други филмови.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...