Нико Беќароски: Младите ги оставаат старите и тие се трујат со киселини, по тоа сме први

Date:

Докторот Нико Беќаровски денеска во Студио 10 на ТВ24 вели дека има се почесто труење на старата популација во Македонија, затоа што се оставени без надзор од младите кои заминуваат во странство.

– Слично е и кај нас. Кај нас има се почесто труење кај старата популација, чиишто деца заминале и останале сами. Во моментов на клиниката имаме стари лица кои презеле најрадикални мерки и испиле киселина или „доместос“ и на кои едноставно повеќе не им се живее оти се осамени, а децата им се во странство. Македонија е прва во Европа по труење со киселини. Во светот сме на четврто место, вели директорот на Клиниката за токсикологија.

Според Беќаровски, психијатрите можат да дадат само антидепресив и со тоа не се решава ништо оти тоа се психолошки здрави индивидуи.

– Ние имаме енормен пораст на пациенти со заболена штитна жлезда. Секоја трета жена има антигени кои предизвикуваат болест на штитна жлезда. Имаме и пораст на дијабет поради загадување, лоша храна, стрес. Нам ни треба добра превентивна медицина, вели Беќаровски.

Тој додава дека карциномот на матка е енормно зголемен а се случува и на 18-годишни девојки. Тој сугерира превентивни прегледи кои чинат далеку помалку отколку лекување на тешките и хронични болести кои не морало да се појават или можело рано да се откријат.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...