Ниту во полиција, ниту во Обвинителство, има пријава дека вработени во ЈП Комунална хигиена – Скопје, трајно иселени во Германија, со години добивале плата.
„Вакава пријава за конкретниот случај нема пристигнато. Имаше пријава за блокадата во претпријатието и таму каде што беа исполнети условите за да се одблокира и да може да работат работниците на „Комунална хигиена“ тоа го направивиме. Мене ми е многу жал што се доведовме во состојба, денеска, во 2023 година, да разговараме дали Скопје треба да тоне во ѓубре или не“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на телевизија.
Вчера и од обвинителството кажаа дека нема ваква пријава. Скопското Обвинителство посочи дека пријавите од директорката на претпријатието Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето смет. Од таму ја повикуваа Мазнева, доколку забележала незаконитости, да ги пријави.
Градоначалничката Данела Арсовска и Мазнева рекоа дека овие лице ги пријавиле и во МВР и во обвинителство.
Вчера Алсат Тв објави дека отпуштените вработени од ЈП „Комунална хигиена“- Скопје поднеле претставки до институцијата работодавач како и до Трудовиот инспекторат.
Никој не пријавил дека трајно исселени во Германија земаат плата од скопски Комуналец – Политичката кавга го разоткри скандалот
Date: