Николоски од Брисел: Многу е важно земјите-членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите-кандидати

Date:

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе учествува на официјални средби организирани од Европската комисија. Министетството за транспорт соопшти дека на средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија.

„Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската комисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст, каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот. Она што е особено значајно и на што сум особено горд е дека на покана на ‘Пријатели на Европа’ вечерва ќе бидам дел од главната сесија на којашто ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа. Тука се пет комесари, претставници на Европската комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри, претставници на бизнис-секторот, каде што ќе зборуваме за иднината на Европа и што е она што ја определува иднината на Европа и на Европската Унија и на поширокиот европски континент“, изјави Николоски.

Вицепремиерот Николоски утре ќе се обрати на самитот посветен на транспротните коридори, каде со високи преставници на ЕУ и европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите.

„Утре, исто така, ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на коридорот 8 кон Бугарија, ќе зборуваме за големите инфраструктурни проекти коишто ги има Македонија и тоа ќе е вовед во посетата на претседателката на Европската комисија, којашто в петок доаѓа во Скопје. Исто така, на утрешната сесија на ‘Пријатели на Европа’ ќе зборуваме за процесот на проширување во друштво на вицепремиерот на Украина, понатаму вицепремиерот на Молдавија, претставници од регионот, каде разговараме за процесот на проширување и за она што е потребно да се направи за процесот на проширување. Секако тука е многу важно земјите членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите кандидати. Тука се надевам дека ќе има мудрост кај Бугарија и дека Бугарија ќе направи чекор напред и дека ние ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија“, истакна заменик-претседателот на Владата.

Тој додаде дека овие се ретки моменти каде што се добива можност директно да се комуницира на формален и на неформален начин со оние коишто ги носат одлуките во Европската Унија и затоа, вели тој – сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 Домашни плескавици од компир

Едноставни домашни плескавици од пире од компири, во чии...

Пријавите за семејно насилство зголемени за над 70 проценти

Раст од над 70 проценти на пријавените настани поврзани...

Сите гледаа во нејзините раскошни облини: многумина останаа без зборови

Ким Кардашијан повторно го привлече вниманието на модните критичари...

Објавен е трејлерот за последната сезона на „Емили во Париз“; главниот лик оди во Грција

Netflix објави трејлер за шестата и последна сезона од...