Николоски: И со донесен закон за 60 часовна работна недела на „Бехтел и Енка“ ќе ѝ платиме 53 милони евра за ништо

Date:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук објави нови детали од договорот на Владата со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Тој вели дека дури и Собранието да го донесе законот за 60 часовна работна недела по истекот на 45 дена од потпишувањето на договорот помеѓу Владата и „Бехтел и Енка“ ќе мора на изведувачот да му платат 53 милиони евра.

Николоски вели дека откако Владата ги потврдила неговите наводи дека доколку не се воведе 60 часовна работна недела Македонија ќе плаќа огромни пенали или ,,дополнителни трошоци за изведба” како што ги нарекува Владата, со јавноста го споделува документот во кој се наведени пеналите/трошоците кои ќе ги платат сите граѓани: минимум 53 милиони евра еднократно, 2.165.000 евра секој месец.

„Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со Бехтел и Енка! Исто така пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра ќе се плати. Договорот Влада – Бехтел и Енка беше потпишан на 8 Март, а 45 дена поминуваат на 22 Април! Тоа значи дека на 23 Април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра, пишува Николоски.

Тој додава дека ова не е само основ за оставки на Ковачевски и на Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега, по промената на власта и формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не им бегаат.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...