Николоски: ДУИ системски ја уништува Македонија, СДСМ му се умилкува на Курти

Date:

ДУИ работи на системско уништување на Македонија. На страната на ДУИ има јасно добро организиран систем на уништување и на ограбување на земјата. Ова вчера вечер во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, коментирајќи го начинот на кој работи владејачката коалиција СДСМ и ДУИ.

Според него, разликата меѓу двете политички партии е тоа што на страна на СДСМ има стихијна неспособност, а на страната на ДУИ има јасен и добро организиран систем на уништување и ограбување на Македонија.

„Затоа СДСМ изгледа како обичен подизведувач, како помал коалициски партнер на ДУИ која ја уништува Македонија. Криминалот и корупцијата се систематски, во СДСМ е стихијно, краде кој како што ќе стигне, а во ДУИ имате јасна мафијашка пирамида на криминал. Тоа се разликите меѓу СДСМ и ДУИ“,вели Николоски.

Прашан за зачестената комуникација на функционерите од СДСМ со косовскиот премиер Албин Курти, Николоски вели дека кај таква интензивна комуникација прозападно ориентираниот СДСМ нема со ниту еден политичар од регионот како со Курти.

„Гледам некоја пасија, опседнатост на СДСМ во обидот да му се умилкуваат на Албин Курти. Прво Миле Зечевиќ и Бојан Маричиќ отидоа на баци рака. Потоа отиде претседателот Стево Пендаровски кај Курти, па Курти дојде тука. И сето ова се случува во две недели. Со поблиска фамилија не се гледаат толку често“,рече Николоски.

Очекувал дека СДСМ ќе го осудат обидот на Курти да се меша во домашната политичка сцена и дека ќе реагираат на одредени ставови во однос на создавање на единствен албански политички спектар со создавање единствени политички партии на Албанците, кои би функционирале секаде каде што живеат Албанците, како Македонија, јужна Србија, косово, Црна Гора и Албанија.

Николоски смета дека веројатно СДСМ верува дека Курти може да му помогне на начин што би ги замолил политичките партии на Албанците во Македонија сите топтан да влезат со нив во Владата.

„Гледам дека тоа не го осудуваат, гледам дека одат се улижуваат, коленичат, молат, се умилкуваат. Веројатно веруваат дека може да им помогне на начин што Курти би ги замолил политичките партии на Албанците во Македонија сите топтан да влезат во Влада со СДСМ. Но и таа математика не им излегува, зашто победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе е толку убедлива, што ќе може самостојно да направи Влада. И сите да се обединат против ВМРО-ДПМНЕ нема математика да имаат за составување на Влада. Бедно е ова што го гледаме“,рече тој.

Николоски вели дека СДСМ му помагаат на Курти во кревање на неговиот политички рејтинг.

„Додека беше во Македонија излезе информација дека имало обид за негов атентат. Тоа е целосно неточна информација. МВР ја демантираше. Тоа е договорен спин меѓу СДСМ и Владата на Косово, со цел да се дефокусираат од проблемите во Македонија, но и кревање на рејтингот на Владата на Косово таму“,посочи Николоски.

Не помина тоа добро ниту тука ниту во Косово. Очигледно е дека СДСМ се обидува по секоја цена да се умилкува кај Албин Курти.

„Тој треба да си ја гледа работата дома, да се занимава со економијата, која му е катастрофална, со здравството, кое во Косово не постои, да се бори со корупцијата, кои велат дека му е добра, нека продолжи така, да се занимава со проблемите што ги има со Србија, со проблемите што ги има со платежната единица, со 130 илјади луѓе кои за еден месец избегаа од Косово после визната либерализација. Има доволно главоболки, нека не остави нас, имаме ние што да правиме. Обично тоа така оди, од многу занимавање со регионални и светски политики, на крај потфрлате во домашните политики“,вели тој.

Николоски тврди дека никој што е надвор од Македонија не може да добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, односно, како што вели, никој што е надвор од Македонија, не може да добие никаква концесија од ВМРО-ДПМНЕ, без разлика, како што додава, дали се викал Борисов, Мицотакис, Рама, Вучиќ, Курти.

„Ние ќе водиме македонска политика. Ова е наша принципиелна политика. Многу жестоко се спротивставивме на мешањето на Еди Рама во Македонија, имавме реакции и за Тиранската платформа. Ние сме против секое надворешно влијание во Македонија. Затоа, ниту еден од нашите соседи не сака ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт. На нашите соседи не им одговара силна Македонија“,вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи ги последните случувања со промена на личните документи, Николоски смета дека ситуацијата е срамна и понижувачка, за што, како што вели, етничките Македонците сега се вторпат понижени. Првпат кога се смени името на државата во јуни 2018 година, а сега кога мора сосила да ги менуваат личните документи, за да можат да комуницираат и во земјата и во странство.

„Сега ги гледаме плодовите од Преспанскиот договор кој ништо добро не донесе за Македонија. Обврските што ги презеде со Преспанскиот договор, прво Владата на Заев, а ги продолжи Димитар Ковачевски, фикс во двете Влади е ДУИ, очигледно се далеку полоши од тоа што тогаш се споделуваше во јавноста. Не знам друга држава да и се наметнува промена на име, и граѓаните да молат да ги менуваат документите кои се нивен личен идентитет“,вели Николоски.

Николоски смета дека решението со продолжување на рокот за промена на личните карти со новото име на државата го предочило ВМРО-ДПМНЕ, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одлично го изменаџирал овој проблем, иако бил само две недели на функцијата.

„Јасна е разликата помеѓу кадрите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Сите пет решенија во техничката Владата предложени од ВМРО-ДПМНЕ се далеку поспособни од било кое решение на СДСМ. Панче Тошковски со Оливер Спасовски не се споредуваат, едноставно не играат во иста лига. Тошковски е исклучително квалитетен кадар, еден од најдобрите студенти на Правен факултет, се изгради во својата професија како адвокат. Има раскошно познавање кое сега и го употреби“,вели Николоски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред два дена изјави дека намерата на косовскиот премиер Албин Курти е да владее и во Македонија, односно сака да ги победи ДУИ и по парламентарните избори да биде дел од власта во земјава.

Повикувајќи се на извори од косовските безбедносни служби, Радио-телевизија Косово во саботата објави дека имало план за атентат врз косовскиот премиер Албин Курти, за време на неговата посета на Скопје.

Атентатот, како што се наведува, бил подготвуван од српски структури. Курти во изјава за косовските медиуми потврдил дека имало закани од поединци и структури, кои според него, имаат корени од официјален Белград.

Од македонското Министерство за внатрешни работи ги демантираа наводите за атентат.

На крајот на јануари годинава, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за Радио-телевизија Косово (РТК) повика косовскиот премиер Албин Курти јасно да даде до знаење дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на парламентарните избори што на 8 мај ќе се одржат во земјава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...

Мециновиќ: Парламентот изгледа како зоолошка градина кога Левица ќе ги спомене патните трошоци

,,Знаеш ли како изгледа парламентот кога ќе излезеш на...

Гвардиола зимава потроши 152 милиони евра, но нема тука да застане

Иако зимава веќе потроши 152 милиони евра на засилувања,...