Македонската пејачка Антониа Гиговска (23) деновиве престојува во хрватскиот град Ровињ, каде е поканета да присуствува на моден настан за новата колекција шминка на модната куќа „Сен Лоран“.
Музичката ѕвезда се одлучила за провокативен фустан во впечатливата боја магента, а целата комбинација ја надополнила со интересен накит.
Сепак, таа привлече особено внимание на социјалните мрежи со своите фотографии на кои позира во краток зелен фустан, направени на терасата од нејзината хотелска соба.
Многумина ѝ искоментираа дека изгледа одлично по породувањето со синот Каин, кој го роди во јули минатата година, и дека никогаш не била олку згодна.