НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години од поплавите во Скопје во кои загинаа 22 лица

Date:

Скопје одбележa осум години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

Да не се заборави, но никогаш да не се повтори!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...