„Факт е дека Бугарија се’ префрли во Брисел“
Со сегашната преговарачка рамка за ЕУ и сите документи во кои беа вметнати сите бугарски уцени, преку нив Македонија нигогаш нема да влезе во ЕУ. И оваа декларација на САД е директен притисок да го смениме уставот. Други додатни услови од Бугарија не може да има, зошто нема критика на досегашните нивни барања? Клучно е што вториот протокол што го потпиша Османи де факто е дека нашиот напредок кон ЕУ ќе оди само преку историската комисија која веќе не ни функционира. Односите со Бугарија не биле полоши никогаш во историјата, моментално сме под тешка бугарска агресија. Факт е дека Бугарија се’ префрли во Брисел. Тука секогаш американците биле безбедносен фактор. Единственo да нема протоколи и така нема преговарачка рамка, за која Македонија се согласи, а ако го промениме уставот значи дека го прифаќаме бугарскиот тројански коњ, рече Ристо Никовски во Само Вистина.