„Ако не излеземе да излеземе да гласаме за тоа што сакаме секој по свое убедување туку седиме дома и гледаме сеир, Македонскиот народ, за брзо ќе биде фрлен на ѓубриштето на историјата“
Изборите ќе бидат драматтични, се ќе биде на маса, нема да има етнички принципи, туку ќе се оди на нож. И тоа покажува ако не се освестиме како народ и ако не излеземе да излеземе да гласаме за тоа што сакаме секој по свое убедување туку седиме дома и гледаме сеир, Македонскиот народ, за брзо ќе биде фрлен на ѓубриштето на историјата. Се што се прави е со цел платформа за решавање на Албанското прашање, според платформата во 1998 година, ако нема Македонци решено е албанското прашање со независноста на Косово. Кичево е воен плен. Во политиката ништо не треба да се исклучи. Малцинството поставува ултиматум на мнозинството. Ахемти беше извонреден до пред тринасесет години, сега се гледа правата слика, рече Ристо Никовски во Само Вистина.





