Ники Минаж ја гаѓаа со шише од публиката, таа им врати

Date:

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Често се случува разни предмети да завршат на сцената, а овој пат Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој ѝ фрлил пластично шише.

И тогаш таа реагирала.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се тргнала настрана од шишето, а потоа го зела и со иста мерка му го вратила, по што почна да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност. Карди Б ја гаѓале со вода па го фрли микрофонот кон „фанот“.

Биби Реџа минатата година за време на настап беше удрена со мобилен телефон по лице, па од болки се струполи на бината и подоцна ги покажа модринките. Хари Стајлс бил погоден во око на концерт во Виена во 2023 година, пишува Buzz Feed. Го држеше лицето додека излегуваше од бината. Раперот Лил Наз Икс за малку ќе го погодеше секс играчка на настап во Шведска. Оливија Родриго доживеала непријатна ситуација во Њујорк, кога букет цвеќе од публиката ја погоди во лице.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Денеска е втор ден од Велигден, а еве што го симболизира

Вториот ден по Велигден се нарекува Свети или Велигденски...

Моќен Алкалоид: Плус пет во битката со Рунар, европското финале е на дофат

Ракометарите на Алкалоид одиграа уште еден европски меч за...

Руне го изненади Алкарас и ја освои титулата во Барселона

Холгер Руне го изненади Карлос Алкарас и ја освои...