Од начинот на кој биле спроведувани јавните набавки до вработувањето на персонал, низа неправилности утврди ревизијата на Универзитетската клиника за неврологија. Државните ревизори отркиле дека потрошените лекови за ретки болести од донација не биле никаде евидентирани во материјалната и сметководствена евиденција.
Утврдени се и слабости во планирањето и реализацијата на парите од условниот буџет за набавка на имуномодуларна терапија.
„Усвоениот план за специфичен вид и обем на здравствени услуги за 2023 година, во кој се наведени податоци за видот на лекот, бројот на пациенти и потребните количини не е резултат од предлози на стручниот колегиум, туку е изготвен и одобрен само од раководните лица на Клиниката. Оваа состојба создава ризик од нетранспарентно определување на лекови за кои се бара и одобрува условен надоместок без да се базира на стручна анализа и предлози, констатира ревизорот.“ – Државен завод за ревизија.
Ревизорите, исто така, утврдиле дека биле ангажирани медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, но без да се испочитуваат законските регулативи и без согласност од Министерството за финансии. Исто така утврдено е дека во текот на 2023 биле креирани помалку од законски утврдените термини, што влијае на пристапот до здравствена заштита кај пациентите.
„Со извршениот увид во податоците генерирани во Мој термин за извршените здравствени услуги со користење медицинска опрема утврдивме дека во текот на 2023 година биле закажани и реализирани 2.732 термини што претставува 13 отсто од задолжителните прегледи кои клиниката имала обврска да ги закаже, согласно правилникот. Од страна на Министерството за здравство во текот на 2023 година е извршена контрола и со записник е утврдена горенаведената состојба. Од одговорните на клиниката добивме образложение дека ваквата состојба е резултат на специфичната дејност на клиниката која во најголем дел врши итни прегледи или прегледи без термин. Ова влијае врз начелото за достапност на здравствените услуги.“ – Државен завод за ревизија.
Државниот Завод за Ревизија потенцира дека не е обезбедена ниту транспарентност, контрола и следење на активностите и целосна наплата на приходите за Клиниката од клиничките испитувања. Дополнително, во дел од спроведените постапки за јавни набавки била утврдена несоодветна примена на Законот за јавни набавки.
Клиниката за неврологија е само една од универзитетските клиники каде ревизиите открија низа неправилности и пропусти во работењето. Слични вакви пропусти беа утврдени и на Универзитетската клиника за онкологија како и во Клиничката болница во Битола. Токму поради ваквите состојби долгот на јавните здравствени установи достигна пет милијарди денари.