Не сум потпишал ништо за уривање на крстот во манастирот Св. Наум Охридски вели Дарко Коцевски, секретар во Општина Тетово откако во медиумите се појавија невистини дека рушењето ќе биде со негов потпис.

Ниту сум потпишал ниту пак имам ингеренции за такво нешто. Таква ингеренција нема ниту градоначалникот Касами а камоли јас. Нека го отворат Законот за инспекциски надзор – објаснува Коцевски за „Република“.

Тој ја објаснува процедурата како и кој ја носи одлуката за рушење на некој објектот.

Прво се носи опомена за уривање за да се исправат неправилностите констатирани на терен. Одлуката за рушење ја донел градежен инспектор на општина Тетово. Но, вакви градби за рушење има околу 5000, којзнае кога ќе му дојде редот – објаснува Коцевски.

Тој смирува дека сега нема да има рушење бидејќи тетовско-гостиварската епархија има поднесено жалба до второстепениот орган.