Не се знае колку трошат премиерот и министрите, Алатката за отчетност „закочена” на 2021 година

Date:

Колку пари потрошил одреден актуелен министер за авионски карти, колку пари зел за дневници, такси превоз, хотели или колку потрошил по ресторани, не може да се види со користење на Алатката за отчетност, барем не за 2022 и за 2023 година, бидејќи Алатката за отчетност не е ажурирана од 2021 година, објави агенцијата Мета.

На последната листа на функционери се наоѓаат министри кои повеќе од една година не се на функциите, а за актуелни министри или нивни заменици воопшто нема податоци. За трошењата на премиерот Димитар Ковачевски исто така не можат да се најдат податоци, бидејќи тој стана премиер во јануари 2022 година.

Оваа алатка беше презентирана како софтвер преку кој може да се пребаруваат и да се споредуваат трошоците на одделните министерства и функционери.

„Како дел од заложбите на Владата на Република Македонија за поголема дигитална транспарентност, на оваа страна можете да ја користите Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, каде можете да ги разгледате и споредувате службените трошоци на претседателот на Владата на Републиката, замениците на претседателот, министрите, министрите без ресор, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата“, се вели во описот на алатката која беше презeнтирана во 2018 година, како заложба на Владата за транспарентно работење.

Иако од Владата најавуваа дека оваа алатка првично ќе се ажурира на шест месеци, а потоа и на почести периоди, сепак речиси година и половина нема нови податоци за тоа како македонскиот премиер, министрите или пак државните секретари во министерствата ги трошат јавните пари.
Во 2020 година податоците за трошењата на функционерите исто така не беа ажурирани цела година.

Од Владата за Мета изјавиле дека последниот застој се случил поради извесни промени во системот. Оттаму додаваат дека се работи на решение со кое институциите редовно и самостојно ќе ги внесуваат податоците.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија

Секој трет граѓанин или 35,2% од населението размислува за...

НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет...