Не само на бугарските, ќе се проверуваат и имињата на 17.000 здруженија и фондации!

Date:

Законот за здруженија на граѓани важи за сите досега формирани и Централниот регистар ќе постапува според Законот во однос на оние што нема да бидат усогласени со новите измени, истакна премиерот Димитар Ковачевски. Во меѓувреме, Централниот регистар веќе му доставил на Министерството за правда список со 17.000 здруженија и фондации чии имиња треба да бидат проверени. Откако ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе треба да биде формирано петчлено тело што ќе носи мислење за здруженијата, а потоа новиот министер за правда ќе одлучи дали Централниот регистар ќе ги брише од регистарот.

Со оние здруженија што нема да го почитуваат Законот, согласно со одлуките на Комисијата, ќе се постапува од страна на Централниот регистар, истакна денеска премиерот Ковачевски во врска со бугарските здруженија од Битола и од Охрид.

– Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип здруженија на граѓани туку за сите здруженија на граѓани, кои треба да ги исполнат условите согласно со Законот што е донесен во Собранието. Оние здруженија што нема да го почитуваат Законот и што нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон, тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со Законот. Тоа важи во сите области во државата – изјави Ковачевски.

Само оние здруженија што се усогласени со Законот и оние здруженија што не се усогласени, а ќе се усогласат во предвидениот период според Законот, ќе продолжат да функционираат, подвлече македонскиот премиер.

Претходно, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, соопшти дека бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола не поднел барање за промена на името, а здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид поднело допис со нецелосна документација. Директорката се сомнева дека непрописно поднесената документација е со цел бугарското здружение да купи време и вели доколку поднесат валидна пријава, од Регистарот ќе го информираат Министерството.

На списокот, додаде таа, што го испратил Централниот регистар до Министерството за правда, се наоѓаат 17.000 организации, а посебна комисија ќе треба да оцени дали некое здружение треба да престане со својата работа или не согласно со измените во Законот за здруженија и фондации, по што министерот за правда ќе донесе решение дали тоа здружение ќе треба да се избрише од регистарот или да продолжи со својата работа. Директорката појасни дека статутот и програмите генерално се исти кај сите здруженија, со таа разлика што кај бугарските има некои реченици во смисла дека ќе ги штитат бугарските интереси, итн., но тоа не е доволен момент за да не може да се регистрира тој правен субјект.

Останува да се види колку време ќе биде потребно да бидат разгледани големиот број здруженија и колку бргу ќе се постапува во однос на двете бугарски здруженија во Битола и во Охрид, на кои им истече рокот за усогласување.

Бугарија, пак, експресно донесе одлука за одбивање регистрација на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, под изговор дека „здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности“. Основачите на клубот најавија жалба, бидејќи во Статутот на здружението експлицитно е наведено дека „здружението нема за цел вршење политичка дејност“. Ова покажува дека Софија воопшто не се грижи за 15-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против забраната за здружување на Македонците, како и за препораката на Комитетот на министри на Советот, кој лани во декември ја повика Бугарија да дозволи регистрација на здруженија што имаат цел признавање на македонското малцинство во оваа држава.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...