Не одат најдобро работите во македонската индустрија, регистриран голем пад

Date:

Голем пад е забележан кај прометот во индустријата во текот на месец јануари 2024 година, споредено со истиот месец минатата година. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2024 година изнесува 87,2, што всушност покажува дека индустиријата има пад од високи 12,8 проценти.

„Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7 проценти и Капитални производи за 25,1 отсто. Додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8 отсто“, соопшти Државниот завод за статистика.

Намален е прометот во индустријата, и на месечно ниво, и тоа за 14,5 проценти во јануари, во споредба со декември минатата година.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 има пад од 28,8 проценти.

Додека пак, прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2024 година, во однос на декември 2023 година е намален за 9 проценти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...