Не е Бугарија толку силна, колку што е Македонија слаба – недостатокот на реформи како ветер во грб на ветото

Date:

Не е Бугарија толку силна, колку што е Македонија слаба. Тоа што државата тоне во корупција и криминал, лошата економска состојба, целосниот недостаток на реформи за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, се хендикеп кој Бугарија многу вешто го користи за да ја истурка својата агенда. Доколку Македонија на овие полиња имаше напредок, рацете на Софија ќе беа врзани, па дури и дел од нашите сојузници меѓу земјите членки ќе можеа да извршат притисок врз Бугарија да го крене ветото, велат дел од аналитичарите.

Според универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски факт е дека постои отпор во Унијата кон проширувањето, и тоа посебно со држави кои не можат да го следат ниту она што значи основен Европски стандард, па затоа ветото на Бугарија им доаѓа како порачан изговор за да се забави процесот.

Укажувањата кои доаѓаат и отоворено од некои европски држави, јасно става дознаење дека постои отпор во Унијата кон проширувањето, а посебно со држави кои не можат да го следат ниту она што значи станадрд на ЕУ, ниту што значи политички критериуми кои би требале да се исполнат.  Очекувањата на власта дека 2030 година е година кога ќе се приклучиме на европското семејство е далеку од реална, и самата власт функционеира на нереални очекувања и нереални желби, а ветото на Бугарија оди само во прилог на она што значи забавен процес на проширување на Унијата, вели Јанкуловски.

Јанкуловски посочува дека корупцијата е најголемиот проблем заради кој Македонија се уште не може да мрдне од мртва точка.

Процесот на проширување ако постојат, што би рекла власта, позитивни сигнали во тој контекст, далеку е од тоа дека ќе бидеме брзо преговарачи, следејќи ја и состојбата во Македонија, со владеење на правото и во поглед на она што значи висок степен на корупција, далеку сме од било какви можности дека набрзо ќе станеме дел од ЕУ, вели Јанкуловски.

Повеќе пати дел од аналитичарите, предупредуваа дека уставните измени не се единствената причина за рампата на Македонија на патот кон Унијата, дури и да ги вметнеме бугарите во Уставот, правилата на ЕУ се јасни, дека услоласување со нивните стандарди и прописи мора да има, а тоа значи и нулта толеранција за криминал и корупција, што со последните закони за измени на КЗ, закон за аменстија и помилување, како и низата на скандали со непотизам, тендери, договори во четри очи и сл, е далеку од она што го бара Брисел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Британските медиуми објавуваат за мигрантски кампови, Мицкоски отфрлаше таква можност

Планот на британската влада за т.н. „центри за враќање“...

Нова ескалација, Груевски пак му пиша на Заев

Поранешниот премиер Никола Груевски повторно се огласи од Будимпешта...

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Песната „Параходот“ е втората којашто го најавува јубилејниот концерт...

 Џенифер Лопез танцуваше само по градник и танга

Латино дивата Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави....