Поранешниот вработен во „Оушн гејт“, Дејвид Локриџ, пред неколку години испратил имејл на друг вработен во компанијата во која изразил загриженост за можни дефекти на подморницата „Титан“.
„Не сакам да ме гледаат како зборувам глупости, но толку сум загрижен дека тој ќе се убие себеси и другите во потрагата да го зајакне своето его“, напиша Локриџ за извршниот директор на „Оушн гејт“, Стоктон Раш.
Компанијата организира туристички патувања до остатоците од „Титаник“ стари 111 години за цена од 250.000 долари. Лохриџ работел како независен изведувач за „Оушн гејт“ во 2015 година, а потоа и како вработен помеѓу 2016 и 2018 година, објави Си-ен-ен. Набргу тој се вплетка во судски спор со „Оушн гејт“ тврдејќи дека бил неправедно отпуштен затоа што пројавил загриженост за безбедноста и тестирањето на „Титан“.
„Би се сметал за прилично храбар кога станува збор за правење опасни работи, но таа подморница е несреќа што чека да се случи. Не можеа ни да ми платат да нурнам со таа подморница“, напиша Локриџ во имејлот до Роб Мекалум, соработник на проектот.
Мекалум, кој ги водеше експедициите на „Титаник“, го предупреди Раш во 2018 година за безбедноста на подморницата „Титан“ велејќи му на извршниот директор дека се става себеси и неговите клиенти во ризик.
„Не би се качил на таа подморница, дури и да ми платат“: обелоденета порака од поранешен вработен во „Оушн гејт“
