Непотребните операции на срце – најматен настан за ноември според „Транспаренси интернешнл“

Date:

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во ноември годинава. Како најматен настан, „Транспаренси“ ги издвои непотребните операции на срце.

Првичната анализа на комисијата која ги истражува случаите за малверзации со кардиохируршки зафати покажува дека од 25 испитани случаи, 10 операции биле извршени без основа, додека шест случаи ќе бидат проследени до Државниот здравствен и санитарен инспекторат, бидејќи комисијата нема надлежност за нив. Од вкупно 19 случаи што беа детално разгледани, речиси половината се оценети како непотребни. Комисијата најави и втора фаза на анализата, која ќе вклучува влегување во институциите и детално разгледување на кардиоваскуларното лекување на пациентите. Реакцијата на здравствените власти доаѓа откако д-р Сашко Кедев рече дека во приватни клиники се прават непотребни операции за профит.

Меѓу матните настани е и извештајот на Европската комисија во делот на судството.

„Независноста и финансиската автономија на судството се поткопани од другите гранки на власта – Генерално, нема напредок“, вака Европската комисија сумирано ја оценува Македонија во делот кој се однесува на судството и фундаменталните права во Извештајот за напредокот на земјата кон Европската Унија за 2025 година.

Во делот за борба против корупцијата, оценката на Европската Комисија (ЕК) е идентична со онаа за судството, односно дека земјата е „помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка и не постигна никаков напредок во превенцијата и борбата против корупцијата“. Во Извештајот за 2025 година се нотира и дека трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани открила трајни системски предизвици во врска со, како што се наведува , спроведувањето на антикорупциските мерки. Обвинението против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, што доведе до нејзина оставка, е уште еден сегмент на кој се осврнува извештајот, а кој, според ЕК, го довел во прашање кредибилитетот на оваа институција. Европската комисија, во овој контекст, дава критички препораки до Антикорупциска, што треба да ги преземе во рамките на своите надлежности.

Трет матен настан е тоа дека индустријата сега може да гори каков отпад сака и тоа законски да го крие од граѓаните како „деловна тајна“.

Пратениците во Собранието го изгласаа Законот за контрола на индустриските емисии, кој треба да го регулира загадувањето од индустриските капацитети во земјава. Од организацијата Зелен хуман град (ЗХГ) велат дека законот е скандалозен и дека со него им се дава можност на индустријалците и бизнисмените да кријат каков отпад горат во нивните фабрики, под превезот на „деловна тајна“.

„Индустријата ќе има право да скрие информации кои се однесуваат на дизајнот односно на дејноста или активностите на зградата или инсталацијата, составот или употребата на одредени суровини, хемикалии или други материјали или производи ако тие бидат класифицирани како деловна тајна! Тоа би значело дека обичниот граѓанин ќе нема право да знае дали Усје, на пример, гори отпад, гуми или некој друг токсичен елемент! Мерките што се преземаат за да го намалат уништувањето на животната средина што би се констатирало при затварање на инсталацијата може да се скриени како информација (член 24, став 8).

Меѓу матните настани е ревизорскиот извештај на Агенцијата за филм, која ги повторува истите неправилности и работи без стратегија и внатрешна контрола. Исто така, основањето на фирмата „Дигитал оне“, која е основана лани и добила државен тендер од 8 милиони евра, а има само двајца вработени.

За „бистри“ настани „Транспаренси“ го одвои приведувањето на вработеин во УЈП за поткуп и злоупотреби поврзани со кочанската трагедија, кривичната пријава против поранешни функционери во Сарај и Скопје. Меѓу „бистрите“ настани се споменува и притворот на директорот на Платежната агенција и уште тројца осомничени, како и акцијата на МВР за злоупотреба на државни резерви на жито.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...