Необично суштество кое се појавило на брегот на Западна Австралија предизвика големо внимание на социјалните мрежи и збуни многу луѓе.
Фотографиите ги објави Риф Дан, кој се шетал на плажата во Квинс Рокс, северно од градот Перт кога на песокот забележал чудно суштетсво.
Љубопитниот човек изненаден од изгледот на суштеството побарал помош на социјалните мрежи за индетификување на чудната риба од океанот.
„Може ли некој да го идентификува ова суштество“, напиша тој.
За кратко време, голем број љубители на океанот одговориле на прашањето на Риф.
Особено кога сликите се појавиле на страницата „Нуркање Западна Австралија“.
Утврдено е дека станува збор за еден вид електричен ража (Hypnos monopterygius) кој е способен да произведе удар од 200 волти, пишува Daily Mail.