Талија Смит е млада жена од Австралија која живее како потстанар, па е принудена да ги трпи каприците на сопствениците, но едно искуство особено ќе ѝ остане во сеќавање. Имено, таа неодамна се венчала и одлучила да изнајми стан во Сиднеј со својот партнер. Еден стан посебно им се допаднал, бидејќи бил наместен и бил во самиот центар на градот, но наскоро почнале да се случуваат чудни работи.

– Кога дојдов да го видам станот, предната и задната врата ги затекнав отклучени. Воздухот мирисаше на средства за чистење, а светлото беше вклучено. Кога дојдов во кујната, видов кора од банана и конзерва од изедена туна среде пултот, додека една мачка упорно се обидуваше да влезе во станот. Заклучив дека претходните станари се иселиле непосредно пред да дојдам, па за тоа го прашав агентот за недвижности. Бев убедена дека 10 минути пред да дојдам, ајде ќе заокружам на еден час, некој бил во станот, но агенцијата ми гарантираше дека претходните станари се иселиле многу порано, па морав да им верувам. Сепак, необичните работи продолжија да се случуваат – објаснува оваа жена во видеото кое може да се види на нејзиниот профил на Tикток, а за тоа пишуваше Сан.

Станот сепак бил онаков каков што Талија посакувала, па освен што се посомневала на можни провалници, немало причина таа и нејзиниот партнер да не го изнајмат. Меѓутоа, кога и да се врателе од работа, забележувале знаци кои биле јасни показатели дека некој бил во нивниот стан.

– Ќе забележавме дека некој ни ја читал електронската пошта, ја користел кујната, тоалетот и туш кабината, па дури и дека ни „копал“ по ѓубрето. Сè стануваше почудно. Еден ден останав да работам од дома и конечно сфатив кој ни парадира низ станот! Тоа беше сопственичката на станот! Станот го изнајмуваше додека живееше во мала камперска приколка паркирана пред станот. Никогаш претходно ја немав видено, но тој ден седеше во дворот од станот што ни го изнајмуваше и пиеше кафе со другарката. Малку ми олесна кога сфатив дека тоа е сопственичката, но всушност тоа беше само почеток на нашите неволји – продолжува оваа жена во својата исповед.

Изгледа, сопственичката на станот сметала дека е нормално да се шета низ својот стан што го изнајмува кога потстанарите не се дома.

-Таа жена живееше во приколка и кога ќе излезевме од станот, влегуваше внатре. Ја користеше кујната и подготвуваше храна, без двоумење се тушираше во бањата што ја користиме и редовно си ја переше облеката во машината за перење. Забележавме и дека секогаш доаѓа во станот со своето куче, а со тек на време почна да ги користи и моите работи што ги наоѓав на чудни места. Згора на сè, ситуацијата со наем на нормални станови во Сиднеј беше многу лоша во тоа време, па на крајот останавме кај жената подолго отколку што планиравме. Не ми се веруваше дека агентите го пропуштиле ова. На крајот, кога веќе не можевме да издржиме да ни влегува дома, го откажавме станот и не сакавме да оставиме депозит. Никој не ни го побара тоа, но бев толку очајна што размислував да ги тужам на суд бидејќи ме условуваа со дополнителни пари или денови за иселување, или таа жена или агенцијата – објаснила Талија.