Необичен светски рекорд – Шпанка помина 500 дена во пештера на 70 метри под земја

Date:

Шпанката Беатрис Фламини (50) го собори светскиот рекорд откако помина 500 дена во пештера, 70 метри под земја, без контакт со надворешниот свет.
Фламини денеска излезе од пештера во близина на Гранада, а нејзиниот експеримент внимателно го следеа научниците кои сакаат да дознаат повеќе за човечките способности, објави Ројтерс.

Таа по излегувањето од пештерата изјави дека година и пол не разговарала со никого, освен со себе, а своето искуство го опишала како „ненадминато“.
Фламини, елитен спортист, планинар и алпинист, го собори светскиот рекорд за најдолго време поминато во пештера.

Таа имала 48 години кога влегла во пештерата на 20 ноември 2021 година и прославила два родендени сама под земја.

Медиумското покривање за излегувањето на Фламини од пештерата во јужна Шпанија беше ограничено за да не биде преплавена од медиумското внимание.

Националната телевизиска станица ТВЕ прикажа снимка на која Фламини носи темни очила и со насмевка оди кај својот тим за поддршка.

Фламини го поминуваше своето време во пештерата правејќи вежби за одржување на кондицијата и сликаше, црташе и плетеше волнени капи.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...