Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Date:

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик или подготвеност за тоа, а што во изминативе два дена го соопштуваат собранискиот спикер, Африм Гаши, и првиот вицепремиер, Беким Сали. Ваков е одговорот од најголемите партии од власта и од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по изјавите на двајцата високи функционери дека сè уште преговараат партиите околу новите решенија во изборното законодавство. Вицепремиерот Беким Сали денеска изјави дека измените во Изборниот законик сè уште се во фаза на преговори. Според него, по промената во Министерството за правда, има напори за усвојување на тој закон.

– Вие знаете дека беше едногласно прифатен тој закон од повеќе политички фактори, да кажам политички партии што се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две, не ги поддржаа тие измени. По промената во Министерството за правда, веќе има напори за усвојување на тој закон, меѓутоа тоа е сè уште во фаза на преговори – изјави Сали, одговарајќи на новинарски прашања на вчерашниот собир во Скопје, на теми поврзани со европската интеграција и со реформите во нашата земја.

Вчера, и Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание, рече дека на вчерашната координација на координаторите на пратеничките групи во Собранието, претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради изнесените ставови во однос на предвремените избори. Гаши рече дека е добро да се разговара и дека нагласил на средбата дека доколку има подготвеност, работната група во Собранието и координаторите да ги продолжат разговорите за Изборниот законик.

Но, на ова одговараат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека не се на повидок евентуални разговори.

– Нема никакви контакти или, пак, иницијативи за тоа. Состојбата не е променета и ние, како партија, сме на ставот дека опозициските партии прво треба да се договорат меѓу себе за потоа да се договориме ние со нив – велат во оваа партија.

Тоа е во духот на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека првенствено очекува заеднички став на опозицијата околу Изборниот законик.

– Очекувам заеднички став на здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ. Кога ќе имаат заеднички став, ние сме подготвени да разговараме и да најдеме заедничко решение – рече Мицкоски.

И од СДСМ ни изјавија дека нема никакви контакти.

– Нема ниту средби ниту покани или најави за нив – изјави за весникот ВЕЧЕР координаторот на пратеничката група, Оливер Спасовски.

Донесувањето на предложените измени во Законикот е блокирано во македонското Собрание со околу 13.500 амандмани поднесени од СДСМ и од Левица. Тие не се задоволни од предложените решенија. За СДСМ особено спорни се предлогот за електронско гласање на дијаспората, бидејќи нема доволно механизми за контрола, промената во начинот на означување на гласачкото ливче и ограничувањето на приговорите само ако се внесени во записниците. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не сакаат да се откажат од ова решение. Премиерот Мицкоски тогаш изјави дека ќе ја прифатат секоја предложена промена во Законикот, но под услов електронското гласање на дијаспората да остане како можност. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силвестер Сталоне поминал тешки денови во озлогласениот њујоршки затвор „Гробниците“

Силвестер Сталоне низ годините стана синоним за непобедливите херои...

Еурофарм Пелистер немоќен на гостувањето кај Гумерсбах во ЕХФ Европската лига

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз...