Нема надеж дека е жив екипажот на австралискиот хеликоптер кој се урна во океанот

Date:

Министерот за одбрана на Австралија изјави дека нема надеж дека четиричлениот екипаж на воениот хеликоптер, кој се урна во океанот во близина на државата Квинсленд, преживеал.

Хеликоптерот MRH-90, кој учествуваше во заедничката австралиско-американска воена вежба, во петокот вечерта се урна во океанот кај островот Хамилтон, околу 890 километри северно од Бризбејн, јавува Ројтерс.

„Имаше катастрофален инцидент и со секој нов час што минува, станува се појасно дека нема надеж дека екипажот на хеликоптерот ќе биде пронајден“, рече министерот за одбрана Ричард Марлс за време на брифингот за медиумите.

Тој потврди дека стотици луѓе учествуваат во спасувачката операција при која беа пронајдени делови од остатоците од хеликоптерот.

Австралиската ескадрила од хеликоптери MRH-90 е приземјена во очекување на истрага за несреќата, рече Марлс.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...