Нема гаранции дека нема да има нови барања на патот на Македонија кон ЕУ, признаваат извори од Брисел

Date:

Европската Унија (ЕУ) е свесна дека условот со уставните измени што ѝ се наметнува на Македонија за да може и официјално да ги отпочне преговрите за влез во Унијата е „многу специјално прашање“, но земјите членки имаат право на вето и затоа никојн не може да даде гаранции да се даваат како би се одвивал процесот и дека во иднина нема да има нови барања од Македонија, велат извори од Европската Унија за МКД.мк.

Првата причина е тоа што во Бугарија долго време нема политичка туку техничка Влада па оттука нејасно е со кого ќе разговара и Македонија и ЕУ. Втората причина е што доколку Унијата ја притисне Бугарија, оваа членка на ЕУ и сосед на нашата земја може лесно да се сврти кон Русија што за Европската Унија во овој момент е непосакувана ситуација.

„Има малку трпение во моментов кога една земја членка користи билатерални карти против друга. Такво нешто не пречеше многу во минатото, но сега е во центарот на вниманието на сите. Нема гаранции за преговорите и секој од кандидатите за членство во некој момент се соочувал со некаков чекор од соседите, земји членки. Но, има барања и барања и на некои може да се одговори, а на некои не. Ако се одблокира процесот, тоа ќе биде огромен чекор за земјата и за јавната администрација бидејќи влегувате во друга фаза“, порачува извор од ЕУ.

Според истиот, Македонија направила многу повеќе отстапки од која било друга земја, но тоа не треба да биде причина земјата да ја изгуби целта околу преговорите.

И новата еврокомесарка за проширување на ЕУ, Марта Кос беше директна и јасна дека ЕУ од Македонија очекува промена на Уставот, или како што рече таа, ништо повеќе, ништо помалку.

Ваквата изјава на Кос не ѝ се допадна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која вчера од Црна Гора порача дека ѝ забележува на Кос за дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени.

„Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече, ‘ништо помалку и ништо повеќе’, тоа ми личи како на нешто што е познато ‘земи го или остави го’. Тоа не е филозофија. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство. Тоа мене ме плаши, дикција која значи директно мешање во внатрешните работи“, изјави вчера Сиљановска Давкова.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...