Нема веќе губење упати и рецепти: секој пациент ќе има електронско досие

Date:

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека здравствениот систем во Македонија ќе премине на целосно електронско водење на медицинската документација.

Според предложените измени на Законот за евиденциите од областа на здравството, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се чуваат дигитално, додека, пак, хартиената документација ќе се користи само исклучително, на пример при евентуален прекин на системот.

Се воведува е-здравствено досие

Со измените се воведува и електронско здравствено досие за секој пациент, кое ќе ги обедини сите здравствени информации – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги.

Министерот посочи дека граѓаните ќе имаат полесен пристап до сопствените здравствени податоци преку електронски портал или мобилна апликација, со јасни правила за пристап кај малолетници и можност за овластување друго лице.

Системот ќе функционира преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“, а сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат информатички системи усогласени со него.

— Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано, со што ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи на Р. Македонија), се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“ — појасни Алиу.

За таа цел се предвидува сертифицирање на здравствените информатички системи и задолжително евидентирање на секој пристап до здравствените податоци за поголема безбедност и транспарентност.

Услугите оддалеку ќе имаат иста правна важност како прегледите

Со законските измени се регулира и интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство, при што услугите дадени на далечина ќе имаат иста правна важност како и класичните прегледи. Предвидена е и можност за користење анонимизирани здравствени податоци за научни истражувања, статистика, образование и креирање здравствени политики, но со строга забрана за нивна употреба што би довела до дискриминација или до економска штета за поединец.

Предлог-законот предвидува и интеграција на сите здравствени регистри во рамки на националниот систем, како и зајакнување на стандардите за информациска безбедност, со обврска здравствените установи да воспостават системи за управување со безбедноста и да пријавуваат евентуални инциденти.

Според Алиу, измените се делумно усогласени со европските регулативи за дигитално здравство, вклучително и со регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци.

Тој додаде дека министерството работи и на измени на уште 12 закони од здравствениот сектор, кои постепено ќе се објавуваат на платформата ЕНЕР.

Дел од нив веќе се поставени, меѓу кои законите за здравствена заштита, за заштита од пушење и за здравствено осигурување, додека во Законот за заштита на населението од заразни болести се планираат нови решенија поврзани со дигитализацијата на системот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...