Неколку причини поради кои секогаш треба да бидете свој приоритет

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Давањето приоритет на сопствените потреби и нивното ставање на прво место некои би го опишале како себичност, но тоа е всушност најдобрата работа што долгорочно можете да ја направите за себе.

Вашето здравје зависи од тоа

Стресот и недостатокот на сон го ослабнуваат нашиот организам и стануваме поподложни на разни здравствени проблеми и болести. Често пати толку многу се преоптеретуваме со секојдневни обврски, што не успеваме да најдеме ни половина час за одмор, а камо ли за хоби кое нѐ прави среќни и нѐ релаксира. Поради тоа најмногу страда нашето физичко, но и психичко здравје.

Работата може и мора да почека

Работата никогаш не смее да ви стане приоритет или централна точка околу која се врти целиот свет. Работните обврски мора да почекаат кога се во прашање важни работи. Немојте да ги одложувате лекарските прегледи поради работа и да се уверувате како ништо нема да се случи ако малку причекате со некое важно испитување кое одамна сте требале да го направите.

Можеби ви се чини дека проектот на кој работите бара сто посто повеќе внимание, па на него го трошите и своето слободно време, но тоа е сосема погрешен потег кој многумина го прават. Работата е работа, а слободното време користете го за да се одморите од него.

Ќе имате поквалитетна љубовна врска

Нема ништо лошо во тоа да водите сметка за потребите на својот партнер, но ако тоа го правите на штета на сопствените потреби, долгорочно вашата врска ќе изгуби на квалитет. Ако не научите јасно и гласно да ги искажувате своите сомнежи, чувства и желби, после некое време ќе се чувствувате занемарено и запоставено.

Ќе бидете подобра пријателка и мајка

Мислите дека вашето семејство и пријателите не забележуваат дека сте нервозни, уморни, раздразливи? Се лажете, тие и тоа како знаат да препознаат кога се чувствувате лошо. Не можеме секогаш сите да бидеме одлично расположени и моментите на нервоза се сосема вообичаена работа. Меѓутоа, кога сме во состојба на хроничен стрес, тогаш сме склони кон претерано емотивни реакции и не ги гледаме работите во вистинско светло.

Тоа може да доведе до бројни недоразбирања, беспотребни расправи, па дури и караници. Затоа внимавајте на себе, дозволете си секојдневно барем половина час кога ќе се повлечете во свој сопствен свет, ќе се опуштите со мислите, ќе вдишете со полни гради и ќе ги наполните батериите за да го поминете остатокот од денот. Не заборавајте, кога сте среќни, тогаш сте им најкорисни на своите најмили.

Ќе постигнете внатрешен мир

Немојте да чувствувате вина поради тоа што своите потреби ги ставате пред потребите на другите луѓе. Имате потполно право да си бидете приоритет на себе и да се остварите во секој поглед. На крајот, така ќе станете подобар човек, ќе ги освестите своите интереси и потреби, ќе го остварите и ќе го добиете толку саканиот внатрешен мир кон кој сите тежнееме.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...